Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе видови на цвеќиња отпорни на ниски температури се засадуваат на Градскиот плоштад, пред судот и на други локации низ градот.
Од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ велат дека низ Куманово ќе се засадат и голем број на хризантеми кои цветаат во овој период.
Хризантемите цветаат до крајот на есента, а потоа ќе ги откопаме и ќе ги однесеме во нашиот расадник. Садиме цвеќе кое е отпорно на мраз, снег и ниски температури. Сега ги отстрануваме гранките кои паднаа од невремето, наносите од кал, песок, кроиме жардињери - вели Благица Јовановска од „Чистота и зеленило“.
Јовановска додава дека понатаму ќе имаат и акции во соработка со ЕВН за сечење на гранки од стари дрвја.