Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
В.В.(26) од Куманово, ноќеска се застрелал во својот дом додека го чистел пиштолот што го поседувал со дозвола.
Инцидентот се случил во 1.20 часот по полноќ, кога В.В. со приватниот пиштол “ЦЗ“ М-70 кал.7,65мм поради нестручно ракување сам испукал еден куршум и се повредил.
Со прострелна рана во пределот на левата надколеница бил пренесен во Кумановската болница каде му е пружена помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово и од обавениот разговор било откриено дека В.В. се повредил од невнимание. Од лице место за вештачење подигната е една чаура, еден проектил, како и земен е горенаведениот пиштол. СВР-Куманово презема мерки за расчистување на настанот.