Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, вчера во Општината Старо Нагоричане ја презентираше програмата на партијата.
При тоа се сретна со членовите и симпатизери од повеќе козјачки села на кои им ги соопшти новите мерки што ќе се преземат во иднина за да се подобри економската состојба на граѓаните. Мештаните најмногу се интересираа што ќе направи за развој на земјоделството доколку СДСМ дојде на власт.
Покрај општинското раководство на Старо Нагоричане, на средбата присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Жителите се пожалија дека во градот недостасува кванташки пазар, поради што се соочуваат со проблеми при продажбата на нивните производи на зелените пазари. Дамјановски објасни дека се размислува да се изгради кванташки пазар поблиску до градот, во близина на селото Проевце, бидејќи трговците и купувачите не сакаат да го посетуваат и да пазарат на сегашниот простор во Горно Којнаре, до добиточниот пазар.