×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седница на Совет - 26 точки на дневен ред

    25.11.2024 10:54 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, на која се предложени 26 точки на дневен ред.

    Седница на Совет - 26 точки на дневен ред

    Советниците ќе ераспрваат главно за извештаи за финансиско работење на јавните претпријатија, одлука за субвенционирање  приклучок гас, измена на одлука за користење на службени мобилни телефони и др.  

    Дневен ред:

    1.       Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

    2.       Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;

    3.       Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;

    4.       Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;

    5.       Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;

    6.       Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

    7.       Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

    8.       Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;

    9.       Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2024 година;

    10.   Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;

    11.   Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;

    12.   Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2024 година;

    13.   Предлог – Одлука за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово;

    14.   Акциски план за одржлива енергија и клима на Општина Куманово;

    15.   Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2024 година;

    16.   Предлог – Програма за измена на Програмата за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година;

    17.   Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „3-та МУБ“, ул. „Страшко Симонов“, ул. „Вук Караџиќ“ и ул. „Орце Николов“ – Општина Куманово;

    18.   Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;

    19.   Предлог – Одлука за измена на Одлуката за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, согласно договорот за услуги од мобилен оператор за потребите на Општина Куманово, основните и средните училишта, јавните претпријатија и јавните установи бр. 37 – 7809/9 од 10.2024 година;

    20.   Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;

    21.   Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;

    22.   Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;

    23.   Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;

    24.   Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

    25.   Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Водовод” – Куманово;

    26.   Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта” – Куманово – претставник од Општина Старо Нагоричане.