×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седница на Совет со 24 точки на дневен ред

    06.11.2023 12:45 | Сузана Николиќ

    Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. Советниците ќе расправаат за ребаланс на буџетот, по извештаи за работа на неколку јавни претпријатија, измени и дополнивање на програми културни манифестации и развој на спорти, и др.

    Седница на Совет со 24 точки на дневен ред

    Дневен ред:

    1.    Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2023 година;
    2.    Предлог – Одлука за впишување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
    3.    Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ - Куманово за период од 01.07.2023 – 30.09.2023 година;
    4.    Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;
    5.    Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2023 година;
    6.    Предлог – Решение за давање на мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово;
    7.    Предлог - Правилник за измена на Правилникот за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
    8.    Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
    9.    Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;
    10.    Предлог – Одлука за распределување на финансиски средства наменети за обезбедување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето на населението за 2023 година;
    11.    Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2023 година;
    12.    Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;
    13.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;
    14.    Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2023 година;
    15.    Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2023 година;
    16.    Предлог – Одлука за доделување на основна главнина на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ - Куманово;
    17.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2023 година;
    18.    Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;
    19.    Предлог – Одлука за утврдување на проектни приоритети за реконструкција на дел од улица „300“ во Ајдучка Чешма во Општина Куманово;
    20.    Предлог – Одлука за утврдување на проектни приоритети за изградба на некатегоризиран локален пат с. Новосељане - с. Косматац - с. Мургаш во Општина Куманово;
    21.    Предлог – Одлука за давање согласност објекти - недвижности сопственост на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
    22.    Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
    23.    Предлог – Одлука за формирање на Локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово;
    24.    Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово.