×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седница на Советот, на дневен ред 27 точки

    27.02.2023 07:33 | Оливера Пешевска

     За денеска е закажана редовна седница на Советот на Општина Куманово на која ќе се расправа по 27 точки. 

    Седница на Советот, на дневен ред  27  точки

    На седницата меѓу другите точки советниците ќе ги разгледуваат извештајот за извршениот попис во Општина Куманово, буџетскиот календар, предлог-одлука за проширување на средствата на буџетот за 2023, извештаи за работењето на ТППЕ Куманово, ЈП„Куманово-гас“, ЈП„Куманово план“ итн.  

    Дневен ред:

    1. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2022 година;

    2. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2023 година;

    3. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2022 – 31.12.2022 година;

    4. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2022 година;

    5. Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2022 година;

    6. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.10.2022 – 31.12.2022 година;

    7. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2022 година;

    8. Извештај за реализација на Годишна програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2022 година

    9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;

    10. Извештај за стекнати и распределени средства во 2022 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;

    11. Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2022 година;

    12. Извештај за реализирани активности во 2022 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;

    13. Предлог – Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2023 година;

    14. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2022 година до 31 декември 2022 година;

    15. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за ослободување од комунална такса за јавно осветлување;

    16. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2022 година;

    17. Буџетски календар;

    18. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;

    19. Извештај за извршениот годишен попис во Општина Куманово со состојба на 31.12.2022 година;

    20. Предлог – Одлука за отпис на побарувања по основ на комунална такса за фирма, односно назив на деловна просторија (заклучно со 2018 година) и данок на имот за правни и физички лица (заклучно со 2012 година);

    21. Предлог – Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;

    22. Предлог – Одлука за престанок на важење на Одлука за давање на трајно користење на возило – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Куманово – план“ – Куманово;

    23. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

    24. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за ГП 1.38 на КП 16483 и др. од ДУП за дел од УЕ „Х. Т. Карпош“, УБ 64-а и 64-б – Општина Куманово;

    25. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „1“ дел од УБ 24, плански опфат помеѓу граница на наменска зона по ГУП, регулација на река Кумановка, ул. „2016“, граница на УЕ – Општина Куманово;

    26. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;

    27. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Карпош“ – с. Умин Дол.