Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.733 тестирања.
По градови: Скопје – 90, Кавадарци – 15, Тетово – 11, Куманово – 7, Охрид – 6, Кратово – 6, Дебар – 5, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Струмица – 4, Ресен – 4, Велес – 3, Струга – 3, Битола – 2, Гевгелија – 2, Виница – 2, Штип – 1, Берово – 1, Кичево – 1, Неготино – 1, Делчево – 1, Крушево – 1, Свети Николе – 1.
Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (85 и 43), и по еден од Охрид (83), Штип (79), Тетово (67), Берово (80) и Велес (74). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 365 оздравени пациенти од:Скопје 288, Велес 10, Прилеп 7, Куманово 7, Гостивар 7,Штип 7, Кочани 4, Гевгелија 3, Крива Паланка 3...
Досега во земјата се направени вкупно 456.341 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157.