×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седумдесет крвни единици се собрани на денешната акција во Куманово

    28.07.2023 14:33 | Сузана Николиќ

    Успешно привршува крводарителската акција, која по повод 2 Август традиционално секоја година ја организира општинската организација на СДСМ Куманово.

    Седумдесет крвни единици се собрани на денешната акција во Куманово

    На денешната акција ќе има седумдесетина крводарување, од членови и симпатизери на партијата, но и граѓани, редовни крводарители.

    „Имавме доста голем одѕив, досега се соберени 56 крвни единици, а имаме уште 15-тина граѓани кои чекаат. Сметам дека ќе собереме над 70 крвни единици, што е одличен резултат. Акцијата ја организираме во овој период затоа што токму на лето има најголема потреба од крв. Оваа акција ја започнавме со мотото дека „секоја капка крв значи спасување на нечиј живот“ и така ќе продолжиме. Во соработка со нашите сограѓани ќе организираме нови хуманитарни и крводарителски акции, и тоа ќе биде наш приоритет“, изјави Александар Арсиќ, претседател на општинската СДСМ.

    Во моментов во Институтот за трансузиологија Скопје нема недостиг на крв, и тековно, секојдневно се организираат  акции во целата држава. Активноста е зголемена за празниците кога им претстојат многу илинденски крводарителни акции, и на дневно ниво на крвни единици снабденоста е задоволителна.

     „Сепак, ги замолуваме и апелираме до крводарителите - пред да одат на одмор да дојдат, да донираат, крвта се употребува уште истиот или во наредните 2-3 дена. Со тоа прават хумано дело, а и бенефитот за нивниот организам е немерлив. По дарувањето се зајакнува крвта, се стимулираат крвните клетки да се размножуваат побрзо, со тоа го зајакнуваат имунитетот и си имаат подобро здравје. Дарувањето прави прочистување и исцелување на организмот“, истакна д-р Лујза Димитрова од Институт  за трансфузиологија Скопје.

    Акцијата се спроведе во соработка на Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија од Скопје.

    Вакви летни акции СДСМ организира во последните три децении.