Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за економија ги повикува жителите на Слупчане и околните села да плаќаат струја, по протестите на жителите и нивните барања да плаќаат струја од 3.000 денари, независно колку потрошиле.
„Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија, согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија. Затоа, повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија“, вели министерот Крешник Бектеши.
Министерот ги повика сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија.