Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Селекторот на македонската фудбалска репрезентција Џон Тошак, по натпреварот Македонија: Италија млади, што се одигра на стадионот „Башкими“ во Куманово, беше примен од градоначалникот Зоран Дамјановски.
Повод за посетата е унапредување на соработката помеѓу ФФМ и Сојузот на спортови Куманово се со цел да се подобри местото на фудбалот во градскиот спорт.
Поразговаравме за иднината на мaкeдонскиот фудбал, а пред се за перспективите за Куманово, бидејќи тој во последните 10 години е на најниските гранки од своето постоење. Се прават напори зедно да го кренем тој спорт, и да ги подржиме активностите на фудбалските школи и на тимовите за натамошниот развој на фудбалот на Куманово. Ние имаме своја историја во југо-лигите како што беше ФК „Куманово„- рече градоначалникот.
Селекторот Тошак истакна дека кратко време е во Македонија и сеуште се запознава се тимот и државата, меѓутоа презадоволен е од гостопримството што му го пружаат тука. Остануваат уште осум месеци до почетокот на квалификациите на Светското првeнство, и тој истакна дека ќе мора да се работи многу на реализација на тој проект.
Мислам дека имаме интересна група со Велс и Шкотска. Мојата мајка е од Велс, а татко ми е Шкот. Исто така Србија и Хрватска се во нашата група. Се подготвуваме добро и ако ги имаме сите играчи на располагање, мислам дека имаме добри шанси за успех. Проблем за Македонија е ако ни фалат дел од играчите на натпреварите. Македонската репрезентација засега е силна. Оптимист сум дека во септември ќе бидеме подготвени-изјави Тошак.
По 15 години, денеска во Куманово се одигра прв меѓународен натпревар во фудбал млади помеѓу екипите на Македонија и Италија. Натпреварот заврши нерешено 2:2.