×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Селвер Ајдини член на Советот за радиодифузија

    26.08.2011 09:41 | KumanovoNews

     Кумановецот Селвер Ајдини, доскорешен управител на ТВ Хана Куманово, е еден од членовите на Советот за радиодифузија што вчера ги изгласа Собранието.

    Селвер Ајдини член на Советот за радиодифузија

    Ајдини по 20 години работа во медиумскиот простор, на 18 јули годинава престанал да работи како управител на телевизијата и е предложен за член на СРД.

    Ајдини е предложен од претседателот Иванов.

    Селвер Ајдини не е член на ДУИ. Тој е адекватен, квалитетен и стручен предлог на претседателот Иванов и ќе биде угледен член на Советот за радиодифузија, рече Џевад Адеми, бранејќи го Ајдини од нападите на опозицијата дека е партиско решение на партијата на Албанците, која е на власт.  

    Според најновите законски измени донесени во јули годинава, бројот на членови во Советот за радиодифузија се зголемува од девет на 15. Двајца од шесте нови членови предлага претседателот на државата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), а по еден Комисијата за спречување на корупцијата и Комисијата за заштита од конкуренцијата.