Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спортската сала која со месеци беше најавувана за отворање на Денот на градот сепак не се отвори, и покрај потрошените 10 милиони денари на семафорот и милионите потрошени на реконструкција на салата, велат од партијата Левица.
Од партијата потсетуваат дека две недели пред 11 ноември беа одобрени уште 134 илјади евра, кои фалат за целосно довршување на салата.
„Дали обидот за собирање на политички поени за една обична реконструкција на сала, која веќе после 5 години се претвара во одисеја, му се одбива од глава на кметот Максо при местење и давање на тендери на несоодветни изведувачи? Патриотот за пред бугарски телевизии, свесен дека ќе ги изгуби следните локални избори измислува тендери и анекси за спортската сала. Народот му порачува на Димитриевски многу брзо ќе има одговорност“, велат од Левица.