Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат од Скопје, Одделение за инспекциски надзор Куманово, организира семинар за презентација на измените на законите за трговија, за енергетика, за нафта и нафтени деривати,за акцизи и за туристичка дејност и угостителство за државните инспектори од целата држава.
На семинарот најавено е доаѓање на министерот за економија Фатмир Бесими, директорката на Пазарниот инспекторат Елизабета Чинговска, а поканети се гости од Макпетрол, Окта и Лукоил. Семинарот ќе се одржи денеска од 11 часот во ресторан Етно село.