×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шест години од „Диво насеље“

    09.05.2021 09:49 | KumanovoNews

     Пред точно 6 години, во вооружена престрелка во населбата „Диво насеље“ загинаа 8 припадници на полициските сили, а Куманово тие денови живееше во страв и неизвесност.

    Шест години од „Диво насеље“

    На 6-годишнината од смртта на македонските полицјаци, сите се сеќаваат на овој трагичен настан, но порачуваат никогаш повеќе да не се повтори.

    „Датум завиен со црна лента во нашата историја, датум кога изгубивме осум колеги, осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината. Шест години непребол и сеќавање на нашите колеги, хероите кои ги положија животите во Диво насеље, шест години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети“, се сеќаваат на своите колеги од Македонскиот полициски синдикат.

    Тие апелираат и ја потсетуваат целокупната јавност дека припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и дека не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси.

    „Сите ние, колегите од Македонскиот полициски синдикат, вработените во МВР како и сите граѓани секогаш ќе ја паметиме нивната храброст и  секогаш ќе се сеќавааме на нив“, велат од Македонскиот полициски синдикат.

    Во настаните од Диво насеље животите ги загубија: Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од с. Брвеница, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Горан Илијевски од Гостивар, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи , Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ од Скопје.

    Во престрелката загинаа и 10 прирпадници на вооружената група.