Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Субвенции во висина од 6.000 денари за секое семејство со новороденче ќе доделува Општина Крива Паланка во текот на 2025 година.
Надоместокот е дуплиран согласно порастот на трошоците и високите цени во моментот, а право на еднократната помош имаат сите семејства со новороденче родено во периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември.
„Помошта се однесува на сите семејства со адреса на живеење на територијата на општина Крива Паланка, а имаат за цел позитивен поттик и стимулација за наталитетот и олеснување на финансиските трошоци околу новороденчето“, велат од Општина Крива Паланка.
Во последните две години сумата која се исплаќаше по овој основ изнесуваше 3 илјади денари, но постоеше и одлука за субвенционирање на купување на количка за бебето во истиот износ. Не е донесена одлука за таа мерка годинава, а на сметка на тоа се зголемува износот за надополнување на семејниот буџет на младите родители.
Општина Крива Паланка има обемна програма од сферата на социјални услуги и мерки од програмата за млади.