Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Државната олимпијада по ментална аритметика, која викендов се одржа во ОУ „Лазо Ангеловски“ Скопје, учениците на училиштето „Малац Генијалац“ од Куманово освоиа шест медали.
Во писмениот Никола Димитровски освои втрор место, а Јаков Спиридоновски и Ива Цветковска се на трето место. Во менталниот дел најдобар беше Димитриј Спиридоновски со освоено прво место, Никола Димитровски беше втор и Марко Крстевски се избори за третото место.
Наградените дечиња заминуваат на Интернационална олимпијада во Белград, која ќе се одржи на 18. јуни, а ќе се натпреваруваат во конкуренција на 2000 деца од 13 земји.
На Олимпијата во Скопје учествуваа над 600 натпреварувачи од цела Македонија, на возраст од 5 до 12 години. Дечињата се натпреваруваа во две категории: писмен дел и ментален дел, распределени во 8 категории.
Олимписките игри привлекуваат голем интерес кај учесниците и јавноста, поради атрактивноста на натпреварот за ментални вештини. Натпреварувачите мора брзо да го пресметаат точниот резултат, исклучиво напамет – без никакви помагала (хартија, молив или дигитрон). Една од најинтересните дисциплини е Анзан – натпревар во броење долга серија броеви кои се емитуваат на екранот со екстремно големи брзини: до 3 броја во секунда.