Шест пожари во изминатото деноноќие
07.08.2012 12:03
| KumanovoNews
Во последниве 24 часа Противожарната единица од Куманово локализирала шест пожари.

Кај Стара Бања во вилата имаше мал пожар во бањата, но изгаснат е многу брзо. Во село Стрезовце интервениравме на куќа. Имаше запалени стрништа во Романовце и кај каменолом Краста. Во Ваксинце гореше дабова шума и беа зафатени десет хектари површина. Сточна храна се запалила на улица “Доне Божинов“ лево од населба Средорек. Се работи за 300 бали слама - велат од Противпожарната единица Куманово.
Во сите пожари е причинета материјална штета.