Шест села се без струја
29.07.2014 07:23
| KumanovoNews
Шест села во општина Старо Нагоричане се без напојување со електрична енергија, поради дефект на мрежата.

Од синоќа, струја немаат жителите на селата Старо Нагоричане, Младо Нагоричане, Челопек, Пелинце, Никуљане и Алгуња. Од ЕВН информираат дека во текот на денешниот ден ќе работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.