Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Североисточниот регион денеска и утре ќе биде во жолта фаза, а во Куманово не очекуваат температури до 36 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи ги советуваат граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотен бран. Да не излегуваат на сонце доколку немаат работа во период од 10 до 17 часот, да конзумираат лесна храна и пијалоци, да носат тенка облека во светли бои, да користат заштитни креми и очила за сонце, главата да ја заштитат со шешир и слично. Посебно внимание треба да се обрне на старите, бремените жени и децата.