×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шилегов и новинарите дискутираа за состојбата во медиумите

    15.04.2014 16:55 | KumanovoNews

    Носителот на листа на СДСМ во изборна единица 2 Петре Шилегов, денеска се сретна со новинарите од Куманово, при што се интересираше за состојбите во медиумите, а изнесе и сопствените размислувања за надминување на одредени проблеми.

    Шилегов и новинарите дискутираа за состојбата во медиумите

    Програмата на СДСМ, според Шилегов, предвидува рамномерна распределба на парите за владини кампањи во медиумите независно од уредувачката политика.

    Ние сме многу свесни дека власта ја злоупотребува хиперпродукцијата на новинарскиот кадар за да тие луѓе бидат принудени да работат за мали пари и јас не верувам дека самите веруваат во она што го зборуваат. Ние се залагаме да се регулира улогата на власта во огласување во медиумите, да има рамноправен пристап во медиумскиот пазар.  Кампањата да не оди само на еден медиум и тоа да влијае на уредувачката политика - изјави Шилегов.

    Новинарите се пожалија дека со години работат како хонорарци во лоши услови за работа.