×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Синдикалните организации се обединија

    12.06.2012 13:41 | KumanovoNews

    Со измените на Законот за правни субјекти кои се направени пред неколку месеци, синдикалните организации во училиштата треба да плаќаат по 6000 денари за фирмарина, плус сметки за радиодифузна такса.

    Синдикалните организации се обединија

    За да ги избегнат трошоците, синдикалните организации се вратија на стариот начин на работа, под покровителство на СОНК во Скопје под чија капа влегуваат ограноците од цела Македонија.

    Еднаш имаше пререгистрација пред шест години и тогаш 90% од синдикалните организации се пререгистрираа. Се враќаме на таканаречен гранков синдикат. За секоја промена нема да одиме во Централен регистар во Скопје. Ова е поедноставниот начин. Не беше во ред тоа што ни бараа статут на секоја организација посебно. Секогаш има дупки во законот - изјави Селајдин Дестани, претседател на регионален одбор на СОНК.

    Синдикалните организации од цела држава се обединија околу ова прашање со цел да ги избегнат неповолните услови кои ги пропишува законот.