×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Синдикатот на полицијата обвинува дека поради мобинг млад полицаец ја напуштил работата

    14.04.2021 09:19 | KumanovoNews

    Синдикатот на полиција во Македонија информира дека поради притисоци, малтретирање и мобинг неодамна МВР го напушти уште еден нивни член, полициски службеник од СВР Куманово.

    Синдикатот на полицијата обвинува дека поради мобинг млад полицаец ја напуштил работата

    Се работи за млад и чесен припадник на полицијата, којшто учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната идиница на при СВР Куманово, при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето, соопштуваат од Синдикатот.

       „Нашиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение првин од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско решение бил распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче, кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково. Бидејќи на релација СВР Куманово – ПО Матејче, нема организиран службен превоз, а нема воспоставено ниту јавен превоз, колегата бил принуден со негово приватно возило да патува од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 км во еден работен ден“, велат од Синдикатот.

         Тој поднел барање за надомест за патни трошоци, кое без никакво образложение му било одбиено.

        „Соочен со голем притисок, малтретирање и мобинг на неговото работно место, допринеле да кај колегата се јави висок степен на разочараност и демотивираност, по што истиот донел одлука за напуштање на МВР. Синдикатот најостро ги осудува сите погоре наведени форми на вознемирување, притисок и директен реванжизам и упатуваме отворен повик до МВР и Одделот за внатрешна контрола да го истражат целиот случај,  соопштува Синдикатот на полицијата на Македонија.