×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Синиот портокал“ на Велешкиот театар вечерва ќе ги отвори Деновите на комедија

    27.09.2023 16:31 | Оливера Пешевска

    Во Центарот за култура во Куманово со почеток во 20 часот започнува 26-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2023“. Манифестацијата ќе ја отвори претставата „Синиот портокал“ на Театар Велес.

    „Синиот портокал“ на Велешкиот театар вечерва ќе ги отвори Деновите на комедија

    Текстот е на Џо Пенхол режијата е на Александар Ивановскиа во претставата играат Самоил Стојановски, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Станува збор за саркастична пиеса која се врти околу Ерџан, Ром заглавен во лавиринтот на својата шизофренија, но и во лавиринтот на психијатриската клиника.

    Од утре на репртоарот се претставите  „Ле кретен“ од Штип,„Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска,„Илуминати“ на Театар Комедија од Скопје,  „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија, „Граѓанинот благородник“ на Тетовскиот театар, „Седумтте стола“ на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Традиционално, фестивалот се затвора со премиера на претстава на Театар Куманово, на 14 октомври,а тоа ова година е преставата „Љубовна терапија“ која ја подготовува локалниот ансамбл.

    Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедијата третта година по ред има и натпреварувачки карактер. Тој ќе биде затворен на 15 октомври со претставата „Обвинителка“, која е вон конкуренција, но тогаш ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, потоа најдобри сценографија, костимографија и најдобра режија.