×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Синот кој го уби таткото денеска ќе биде сослушан во Кумановското обвинителство

    13.01.2023 11:58 | Сузана Николиќ

    Б.Ј.(40) од Куманово, кој вчера со убод од нож го усмрти неговиот татко денеска по итна постапка ќе биде сослушан од јавен обвинител во Основното јавно обвинителството во Куманово.

    Синот кој го уби таткото денеска ќе биде сослушан во Кумановското обвинителство

    Потоа со обвинителен акт и кривична пријава ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Куманово.

    „Полициски службеници од СВР Куманово, вчера околу 16.00 часот, го привеле Б.Ј.(40) од Куманово затоа што во семејната куќа во кумановската населба „Иго Тричковиќ“ со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите“, соопшти МВР.

    Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот, против Б.Ј. ќе следува соодветна пријава.