×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СИПР планира изградба на атмосферска канализација во Куманово

    10.02.2015 12:20 | KumanovoNews

    Центарот за развој на североисточниот плански регион, со проект за рентабилно работење на Прочистителната станица ќе аплицира за добивање на грант од 30.000 евра од Германското друштво за соработка ГИЗ РЕД.

    СИПР планира изградба на атмосферска канализација во Куманово

    Парите ќе бидат потрошени за изработка на техничка документација за изградба на атмосферска канализација, со што ќе се намали ризикот од поплави.

    “Се надеваме дека до октомври ќе заврши оваа проектна документација и ќе почнеме да бараме донатори за градба. Инаку проектот беше едногласно усвоен поради тоа што во Куманово не постои атмосферска канализација, така што фекалната и атмосферската канализација се мешаат што придонесува за голем  ризик од поплави и да пречистителната станицата во Доброшане работи нерентабилно. Се надеваме дека ова се првите обиди да воспоставиме атмосферска канализација во Куманово. Проектот е на општина Куманово, меѓутоа станицата има пошироко значење“ - изјави Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

    Од предложени 10 проекти, овој проект на регионален совет е избран за најдобар за аплицирање во ГИЗ РЕД. Договорот за финансиска конструкција ќе биде потпишан во средината на март.