×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Сите сме нивни деца“ - мото на Неделата на грижа за старите лица во домот „Зафир Сајто“ Куманово

    15.11.2022 09:03 | Сузана Николиќ

    Со повеќе активности ќе биде одбележана Недела на грижа за старите лица во Домот за грижа на стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, која започнува од вчера а ќе трае до недела.

    „Сите сме нивни деца“ - мото на Неделата на грижа за старите лица во домот „Зафир Сајто“ Куманово

    Под мотото „Сите сме нивни деца” со предвидените активности се спроведуваат заради поголема интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот.

    Програмата предвидува активности со кои корисниците на услугите да имаат пријатни моменти и дружења. Вчера корисниците со вработените подготвувале традиционални слатки, а денеска ќе се одржи креативната работилница- „Магијата на есента и есенските бои”. 

    Утре ќе го одбележиме овој ден во духот на негување на традицијата со звуците на македонска изворна музика. Во четврток, кандидатки за идни негователи од Црвен крст Куманово ќе имаат организирани активности со нашите корисници. Исто така организирано е предавање за корисниците во врска со дијабет од страна на ученици од средно медицинско училиште. Во петок, активистите од Црвениот крст ќе ги посетат старите со пригодна програма, а потоа група од 10 корисници со активистите ќе одат во слаткарница Јулија. Истиот ден, наши гости ќе бидат претставници од Здружение на пензионери со претставата „Госпоѓа Министерка“. Неделата на грижа на старите лица свечено ќе биде затворена со весела и богата програма од страна на КУД „Српски вез“ од нашиот град“, соопштуваат од Домот за грижа на стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово.