Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 20 септември трае уписот на извидници во Извидничкиот одред “Скаут“.
Сите граѓани без разлика на возраста, кои сакаат да се занимаваат со извидништво можат да се пријават во интернет клубот во ТЦ “Гарнизон“ каде секојдневно се собираат извидните.
Примаме извидници од 7 до 77 години. Доволно е да имаат желба, да ја сакаат природата, да имаат авантуристички дух. Во денешно време луѓето се ориентираат кон активности од кои можат да имаат профит, но ова е непрофитна организација и такво нешто не нудиме. Ние во интернет кафето во “Гранизон“ подготвуваме цв, документи за граѓаните кои аплицираат за работа во странство и тоа ни е единствен начин на кој се финансираме. Оние кои ќе бидат дел од “Скаут“ можат да стекнат знаења и вештини како да се снајдат во природата и во животот, а тоа не е малку - вели Слаѓан Станковиќ, претседател на Извиднички одред “Скаут“.
Засега “Сакут“ има 57 члена, но се очекува по овој упис бројот на извидници да биде над 100.