×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скршената ограда на „Тоде Думба“ е опасност за возачите и пешаците и под итно да се поправи, побара пратеникот Петрушевски

    16.04.2021 18:47 | KumanovoNews

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска ја повика локалната власт да ја поправи заштитната ограда на улицата „Тоде Думба“, која пред неколку месеци беше скршена кога во неа удри автомобил и падна на улицата „Драган Стопаревиќ“.

    Скршената ограда на „Тоде Думба“ е опасност за возачите и пешаците и под итно да се поправи, побара пратеникот Петрушевски

    Тој смета дека оштетениот дел е подеднакво опасен и за возачите и за пешаците, кои ја користат оваа фреквентна сообраќајница.

    „Пред неколку месеци граѓаните алармирале до градоначалникот да се реши проблемот, но се уште не е преземено ништо. Тие побараа помош и од мене како пратеник овој проблем да се реши. Ова се улици кои се многу фреквентни и ги користат граѓаните од населбите „Гоце Делчев“, „Зелен Рид“ и „Бабин Дол“ кога се движат кон центарот на градот и недозволиво за една локална самоуправа да остави не решен еден ваков проблем, кој ја загрозува безбедноста на возачите и пешаците во Куманово“, кажа Петрушевски.

    Тој апелираше до градоначалникот да си ги заврши обврските за кои граѓаните му дале доверба и за што зема плата.

    (С.Н.)