Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Следната недела екипи на ЈП “Куманово - паркинг“ ќе почнат со раскитување на градот.
Ќе биде отстранета елката од Градскиот плоштад и украсите во централното градско подрачје.
- Ќе чекаме да поминат православните празници и потоа целосно ќе го раскитиме градот. Да им се заблагодарам на граѓаните што беа совесни, чесни и се помина во најдобар ред за Нова година. Немаше украдени, оштетни украси како претходните години - вели Фадиљ Шабани, директор на ЈП“Куманово - паркинг“.
Новогодишната елка на Градскиот плоштад беше поставена десетина дена пред Нова година.