×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Следната недела донација од 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на коронавирус

    26.03.2020 20:23 | KumanovoNews

     Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат 500 илјади маски и 20 илјади тестови, како и реагенси за тестирање на вирусот, информира министерот за здравство Венко Филипче.

    Следната недела донација од 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на коронавирус

    „Денеска имав состанок со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, на којашто и се заблагодарив за поддршката што во изминатиот период ја даваа за осовременување на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во нашата земја, во којашто се вршат тестирања, многу значајни во овој момент за државава. Добивме одговор и од повеќе донатори преку норвешката влада за респираторни машини, тие на почетокот на април ги очекуваме во нашата земја. Дополнително, одговор најавуваат и од амбасадата на Кина, една донација која ние ја побаравме веќе пред неколку недели и најавија претставниците на Амбасадата дека во следните денови ќе добиеме дефинитивен одговор. Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови-реагенси за тестирање на вирусот“, потенцираше министерот Филипче.