Мени

Следната недела температури и над 30 степени

12.09.2015 13:19 | KumanovoNews

Затоплување на времето се очекува следната недела , при што температурите ќе бидат и над 30 Целзиусови степени.

Следната недела температури и над 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови следува  период  на  претежно  сончево  и  топло  време.  Особено  топло  ќе  биде  кон  средината  на  наредната седмица, кога на повеќе места дневните температури ќе се искачат над 30 степени - велат од УХМР.

Според синоптичарите следната недела по дождливиот период се враќаат летните температури.