×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Словенци сакаат да вложат во бањата Стрновац

    21.03.2011 09:40 | KumanovoNews

    Општината Старо Нагоричане има изработено урбанистичка документација и проект за изградба на спортско- рекреативен бањски центар "Стрновец", со хотелско-угостителски објекти, викенд-населба, мини - брана на реката и на речното корито на површина од 7 хектари

    Словенци сакаат да вложат во бањата Стрновац

    Запуштени, валкани и со жабурнак се двата базена со термална вода во селото Стрновец, покрај реката Пчиња. Комплексот е пуст, а неколкуте монтажни угостителски објекти, гардероби и тоалети, кои се користат во летниот период, целосно се уништени и однесени од големата поплава која се случи пред неколку месеци. Вода и кал има насекаде, а искорнатите дрвја и расфрланите гранки ја прават сликата уште пожална. Општината Старо Нагоричане каде што се наоѓаат термалните извори нема надлежност да стопанисува со нив, а државата речиси 30 години дозволува топлата и лековита вода од 40 степени неповратно да истекува во Пчиња.

    "Во 2009 година се обидовме да ја одржуваме бањата, меѓутоа бевме обвинети дека нелегално заработуваме од комплексот. Сакавме да им помогнеме, пред сe, на луѓето што имаат здравствени проблеми, и затоа воведовме некаков ред во бањата. Базените секојдневно се чистеа, исто како и целиот комплекс. Работеа и двата угостителски објекта, и шест месеци направивме пријатно место каде што се кампуваше со шатори, затоа што беше безбедно", вели градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.

    Термоминералната вода во селото Стрновец избила на површина во осумдесеттите години на минатиот век, откако од поранешен ЗИК Куманово на истото место не успејале да извадат вода за наводнување. По неколку години, најверојатно по тектонски поместувања, водата нашла пат и почнала да истекува. Жителите направиле инпровизиран базен и почнале да се капат во неа. Откако се прочула лековитоста на водата, посетеноста се зголемила, па во 2007 година гастарбајтер по потекло од овој крај ги изградил двата базени и тушевите, кои и денеска постојат, но никој не се грижи за нив и се е препуштено на забот на времето.

    Општината Старо Нагоричане има изработено урбанистичка документација и проект за изградба на спортско- рекреативен бањски центар "Стрновец", со хотелско-угостителски објекти, викенд-населба, мини - брана на реката и на речното корито на површина од 7 хектари. Сега чекаат државата да најде инвеститор и концесионер на термалната вода, а неколку спа-центри од Словенија се заинтересирани да го реализираат проектот.

    Се претпоставува дека бањата припаѓа на геотермалната зона на Врањска и Катланово Бања, бидејќи има слични карактеристики. Природната минерална вода излегува од 180 метри длабочина, а припаѓа во категоријата на натријум-хидрокарбонатни– флуоридни–силицијумски– хипертермални минерални води. Нејзината лековитост се користи исклучиво за хидротерапија и лекување на воспалени ревматични заболувања, придегенеративни ревматични заболувања, состојбите по повредите,по корективните ортопедски зафати, при заболувањето на периферните артериски садови и повредите на периферните нерви. Покрај од Куманово луѓе со посериозни здравствени проблеми и со инвалидски колички, доаѓаат и од Скопје, Крива Паланка и целиот регион, поради што овде има идеални услови за равој на бањски туризам и спа-центар.