Словенечкиот амбасадор во посета на Општината
30.01.2014 14:53
| KumanovoNews
Словенечкиот амбасадор во Македонија, Бранко Раковец денеска ја посетил Општината Куманово.
Тој се сретнал со градоначалникот Зоран Дамјановски со кој разговарале за понатамошната соработка меѓу бизнисмените од двете земји и евентуални инвестиции.
Ова е прва средба од ваков тип годинава и на неа присуствуваа дел од стопанствениците во градот и директорите на јавните претпријатија- стои во соопштението од Кабинетот на градоначалникот.
Новинарите немаа прилика да ја проследат средбата и да земат изјава од амбасадорот, затоа што делегацијата заминала на ручек пред 13 часот за кога беше закажана прес-конференцијата.