Слупчанци истепале кумановец
02.12.2014 14:59
| KumanovoNews
Шестмина жители на село Слупчане истепале нивен врсник во Куманово.

Инцидентот се случил минатиот месец, кога 18 годишно момче од Куманово се скарало со свој врсник Ф.О.(18) од Слупчане. По расправијата дошло до турканица и тепачка меѓу двајцата, по што се вмешале и Ќ.Р.(18), Ф.М.(18), Б.М.(18), Б.А. и Г.И.(16) сите од Слупчане. Тие го истепале момчето и му нанеле видливи телесни повреди.
Кумановската полиција против сторителите поднесе кривични пријави за насилство.