×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сметот на “Илинденска“ на приватен имот

    09.01.2014 14:27 | KumanovoNews

    Депонијата во објектот на улица “Илинденска„ е во приватна сопственост и газдите имаат обврска да ја исчистат.

    Сметот на “Илинденска“ на приватен имот

    Ова го тврдат од комуналната инспекција, кои објаснуваат дека тие уште во декември направиле пријава и го сликале местото, но сеуште не можат да го најдат сопственикот за да им го врачат решението.

    Се работи за приватен имот каде што ние не смееме да влегуваме, бидејќи исклучиво го расчистуваме сметот од јавните  површини. За да влеземе во приватниот имот ние како прво треба да имаме податоци кој е сопственик на имотот, да воспоставиме контакт со луѓето, да им наложиме да го исчистат сметот. Се работи за фреквентна улица и смет има и на другата страна кон булевар “Трета МУБ“ и “Гоце Делчев“. Оваа постапка е во тек и ние со сигурност ова ќе го средиме, исчистиме и нема да има незадоволство од граѓаните - изјави Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во Општина Куманово.

    Инспекторите констатирале дека сметот го фрлаат луѓето кои живеат и работат во близина на напуштениот објект.

    Граѓаните се согласуваат дека е грда слика што изникнала депонија пред нивните згради, но се правдаа дека не знаат кој го фрла сметот на тоа место.