×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Снегот остави без струја повеќе Козјачки села

    22.03.2021 20:34 | KumanovoNews

    Снегот кој од вчера ја зафати државата предизвика проблеми во напојувањето со електрична енергија во општина Старо Нагоричане.

    Снегот остави без струја повеќе Козјачки села

    Oд синоќа од 23 часот, без струја се жителите на селата во Козјачкиот регион: Драгоманце, Степане, Жегљане, Кокино, Арбанашко, Дејловце, Длабочица и други планински села.

    Од Општина Старо Нагоричане, велат дека проблемот е пријавен во ЕВН Куманово, од каде им било речено дека се работи на оспособување на електричната мрежа, но дека станува збор за повеќе дефекти и ќе треба време да ги отстранат.

    „Ни објаснија дека станува збор за сериозни оштетувања на жиците предизвикани од тежината на снегот. Екипите излегле на терен уште синоќа и работеле во текот на ноќта. Продолжија и денеска и успеаја да ја оспособат мрежата во Старо Нагоричане. Да се надеваме дека што поскоро ќе се реши проблемот и на другите места, бидејќи иако станува збор за селски домаќинства, сите имаме потреба од редовно снабдување со електрична енергија и тешко функционираме вака“,  вели градоначалничката Жаклина Јовановска.

    Поради проблеми со снегот прекин на електрична енергија имало и во кумановските села.