×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Снежана на крајот умира“ од утре игра во МКЦ „Козјак“ Куманово

    24.10.2022 11:28 | KumanovoNews

    Во Младинскиот културен центар - кино „Козјак“, од утре (вторник) ќе се прикажува македонскиот игран филм  „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески.

    „Снежана на крајот умира“ од утре игра во МКЦ „Козјак“ Куманово

    Оваа македонско-кипарска копродукција имаше онлајн светска премиера во јануари на Сламденс во Парк Сити (САД), а потоа беше прикажан на затворањето на неодамнешниот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

    „Снежана на крајот умира“ е опишан како социјална драма во амбалажа на комедија на апсурд, која се занимава со тоа колку е ужасно тешко да се остане чесен и верен на своите принципи во морално корумпирана средина. Филмот е составен од 3 испреплетени приказни за 3 групи луѓе, животите на една хикикомори уметница, радиоводител со Аспергеров синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог-антинаталист.

    Во актерската екипа се Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски. Сценарист и режисер е Кристијан Ристески, продуцент е Дарко Попов, кинематографери се Димо Попов и Севдије Кастрати, монтажер е Горан Вуќиќ, автори на музиката се Александар Пејовски и Ставрос Макрис, сценограф е Сашо Блажевски, а костимите ги изработи Емилија Ивановска-Атанасовска.

    Филмот ќе се прикажува до крајот на неделата. Почетокот на филмот е во 20 часот, а цената на билетот е 120 денари.