Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Српската напредна партија во Македонија денеска ги обвинија двете најголеми партии во државата, дека ги направиле изборите нерегулари уште пред да почнат.
Имено тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават лакрдија од изборити и не ги почитуваат Уставот и законите, па самите си пролонгираат рокови и си угодуваат кога на нив им одговара да се кандидираат.
Менувањето на правилата во тек на избори ги прави изборите однапред нерегуларни. Уште не сме ги избрале, а тие демонстрираат самоволие божем е во интерес на демократијата и за наше подобро утре. Нерегуларноста на престојните ибори се манифестира и со започнување на предизборната кампања пред утврдениот рок за тоа, преку собири во месни заедници, митинзи или со делење на пропаганден матерјал- изјави Наташа Ивановска, портпарол во СНПМ.
Таа смета дека од таквите луѓе граѓаните не можат да очекуваат подобра иднина, но затоа постојат чесни, одговорни и напредни луѓе кои можат да ја водат општината.