Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската Напредна странка ќе организира превоз за граѓаните од српската зедница во Куманово, за изборите во Србија, а исто така нуди информации за постапката за добивање на српско државјанство.
Српска Напредна Странка од Куманово ги повикува сите граѓани кои имаат право на глас во Република Србија, да се јават во просториите на СНС на ул. Доне Божинов б.б. заради организиран превоз во Р. Србија или во амбасадата.
Исто така сите граѓани што се заинтересирани да добијат српско државјанство, за кое според новиот Закон е укината таксата, можат подетално да се информираат во нашите простории секој работен ден од 10-13 и од 16-19 часот.