×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со аплауз усвоен работниот извештај на СДСМ

    24.10.2011 10:03 | KumanovoNews

    Со акламација беше усвоен Годишниот извештај за работата на општинската организација на СДСМ на  вчерашната редовната Конференција што се одржа во Куманово.

    Со аплауз усвоен работниот извештај на СДСМ

    Отчетната конференцијата ја отвори претседателката Снежана Захариева, а работата помина во конструктивна атмосфера. По завршување на Конференцијата пратениците Ана Павлова- Данева и Оливер Спасовеки, градоначалникот Зоран Дамјановски и членовите на претседателството имаа работна средба со претставници на неколку месни заедници за актуелните политички случувања во Македонија.

    „И натаму ќе работиме, почитувајќи ги социјалдемократските принципи на партијата во договор со членството, се со цел да го зајакнеме единството во партиските редови.Дискусиите на делегатите беа насочени кон она што е приоритет во наредниот период во подготовките за локалните избори во 2013 година. Се отворија и многу актуелни теми како што е извештајот на Европската комисија, пропаднатиот попис, но имаше и дискусии за работата на СДСМ, како и актуелните случувања во партијата. Се зборуваше отворено, а повеќето членови имаа прашања за потпредседателката Данева, но и свои видувања за решавање на најгорливите проблеми на локално, но и на национално ниво.Наредните денови работни средби со членството ќе имаат и други високи партиски функционери, а ќе бидат доделени и околу 600 нови членски книшки„- вели претседателката Захариева.

    Работното претседателство на Конференцијата го сочинуваа Снезана Захариева, Мартин Костовски, Жика Крстевски, Драгица Велковска и Младен Давидовиќ. Гости беа координаторот Драги Давчевски и потпретседателката Ана Павловска-Данева.