×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со дефиле низ кумановските улица започна Меѓународниот фолклорен фестивал Куманово

    21.07.2023 12:52 | Оливера Пешевска

     Дефилето на десет фолклорни ансамбли од Македонија, Египет, Бугарија, Колумбија, Грција, Албанија, низ  улиците во централното градско подрачјеа Куманово, го означи почетокот на четвртотто издание на  Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2023“.

    Со дефиле низ кумановските улица започна Меѓународниот фолклорен фестивал Куманово

    Свеченото отворање беше во салата на Центарот за култура, пред многубројната публика.

    „Со чест и задоволство ги поздравувам сите учесници и гости на градот на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2023“.Многу е важно да ја зачуваме традицијата и на новите поколенија да им го покажеме богатството на народните песни и игри, како и да ги видиме различностите кои ги прикажуваат гостите на фестивалот. Честитки за КУД „Панче Пешев“ и МКЦ „Козјак“ за организацијата на настанот и заложбите за зачувување на националниот и кумановскиот идентитет кои ги прикажуваат преку програмата што ја работат и изведуваат на сцена“, рече на свеченото отворање Александар Крстевски, од Секторот за култура и спорт.

               Фестивалот го отворија домаќините од КУД „Панче Пешев“ каде прво настапи најмалата група на друштвото, а подоцна и ветераните. Потоа следуваа настапите на   Ансамблот „Мокра“ од Албанија, Фолклорното студио „Етнос“ од Скопје, Центарот за фолклорни студии „ЕЛ.КЕ.ЛА.М“ од Атина ,Грција, ФА „Битола“, Ансамбл „Ел Шаркија“ од АЗ Загазиг, Египет, Ансамбал „Арсенал“ од Казанлк, Бугарија и групата „Макена фолк“ од Колумбија.

    Вечерва е втората фестивалска вечер, која е резервирана за КУД „Српски вез“ од Куманово, „Студио фолклор“ од Скопје и повторно настап на гостите од Египет, Албанија, Грција, Колумбија и Бугарија.

    Настапи на третата и последна фестивалска вечер, утре на 22 јули,сабота  ќе имаат КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка, „Арсенал“ од Бугарија, „Панче Пешев“ од Куманово, „Мокра“ од Тирана, Албанија, „Ал Шаркија“ од Египет, „ЕЛ.КЕ.ЛА.М“ од Грција и „Макена фолк“ од Клоумбија.  

    Концертите почнуваат во 19.30 часот во големата сала на Центарот за култура во Куманово. Влезот е слободен за публиката.

    Организатори на манифестацијата се КУД „Панче Пешев“ и Младинскиот културен центар МКЦ, а под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово.
    Меѓународниот фолклорен фестивал е дел од програмата за Кумановско културно лето.