Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на компанијата „Еврос Комерц“ од Старо Нагоричане, специјализирана за производство на фина картонска амбалажа.
Компанијата е помогната со државна помош од над 56 илјади евра, кои ги искористиле за набавка на висококвалитетна машина за виткање и лепење на кутии за фармацевтската индустрија, како и за нов производствен погон за виткање и лепење на упатства за лекови.
„Од мал субјект во 1993 година, оваа компанија денес брои 37 вработени и се специјализираше во производство на фина картонска амбалажа и пакување на производи од фармацевтската, автомобилската, кондиторската, чевларската и другите индустрии. Оваа компанија досега има користено државна помош од над 56 илјади евра, за набавка на висококвалитетна машина. Овде има машини кои на просторите на бивша Југославија ги има само во Словенија и во оваа печатница тука во С.Нагоричане. „Еврос Комерц“ е само една од стотиците компании кои во изминатиот период ги помогнавме преку конкретни мерки за одржливост и што подобро справување со финансиската и енергетска криза, меѓутоа и за поттикнување на нивниот инвестициски развој“, кажа Ковачевски.
Само во текот на 2022 година, по основ на овој закон, државата обезбедила 23 милиони евра директна финансиска помош за 410 компании, што е најголема државна поддршка за домашни компании досега.