Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов во Градскиот музеј од Крива Паланка беше отворена изложбата „Младите и уметноста “, со што и официјално беше отворено Кривопаланечкото културно лето.
На изложбата беа претставени дела од младите учесници од СОУ „Ѓорче Петров“ и ООУ„Илинден“, кои ги создаваа на работилниците за графика, вајарство и сликарство во рамките на проектот „Денови на Уметноста 2023“.
„ Цел месец на работилниците младите се едуцираа и учеа за начинот на создавање на уметнички дела во повеќе техники, под менторство на искусни академски уметници. Учествуваа околу 20-тина младинци кои импресионираа со својот талент и создадоа прекрасни дела. Целта ни е ги привлечеме младите да ги препознаат своите афинитети и вештини и да дадат придонес во развојот на уметноста и културата во општината“, истакна Ѓорги Костовски,историчар на уметност од Градскиот музеј во Крива Паланка.
Работилниците ги водеа графичарите Стефан Младеновски и Стефан Јакимовски, вајарките Нела Јанковска и Анета Симоновска и сликарот Роберт Цветковски, сите од Крива Паланка.
Создадениte дела ќе бидат дел од постојаната збирка на Градската галерија при Музејот на Крива Паланка.