×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Со љубов за Куманово“- граѓанска иницијатива за развој на бањскиот туризам во градот

    19.04.2021 14:21 | KumanovoNews

    Претседателката на Советот,  Атина Мургашанска е иницијатор на граѓанска иницијатива „Со љубов за Куманово“, која има за цел да помогне во ревитализација на бањскиот туризам и промоција на туристичкиот потенцијал на градот. На прес конференција, Мургашанска ја презентираше идејата и потребата од вакво дејствување.

    „Со љубов за Куманово“- граѓанска иницијатива за развој на бањскиот туризам во градот

    „Јас бев во посета на локалитетот „Стара бања“ и согледав во каква состојба се наоѓа. За жал, се е запуштено како резултат на една замрсена стечајна постапка, која со децении заглави во судските лавиринти и се уште не и се гледа епилогот. Тоа беше еден од моите најголеми мотиви да формирам една ваква граѓанска иницијатива во која освен политичарите и дел од членовите на Советот на Општина Куманово, ќе членуваат и сите заинтересирани граѓани. Веќе имам пријави од одредени архитекти, градежни инженери, правници, адвокати, поранешни судии, млади луѓе кои имаат визија за развој на туризмот и промоција на природните и културни вредности на општината Куманово“, објави Мургашанска.

    Таа најави дека откако ќе дозволат протоколите ќе бидат претставени членовите, а сите граѓани ќе можат да се приклучат и да дадат придонес во работата на ова тело.

     Мургашанска, изрази сочувство до семејството Масевски, по повод смртта на хроничарот и публицист Димитар Масевски.  

    „Димитар Масевски ќе остане забележан како неуморен хроничар на растот и подемот на градот и Општината Куманово, како и на сите позначајни општествени, политички, културни, спортски и стопански збиднувања во Куманово и Кумановско низ децениите на назад.  Упатувам изрази на најдлабоко сочувство до членовите на неговото семејство и огромна почит и признание за се' што направи за Општина Куманово“, кажа Мургашанска.

    (С.Н.)