×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со норвешка помош обука на возрасни

    19.09.2014 12:14 | KumanovoNews

    Средното земјоделско училиште “Киро Бурназ“ преку четиригодишен проект “Чекор напред за подобра економија“ се оспособи за стручно образование на возрасни.

    Со норвешка помош обука на возрасни

    Во просториите на училиштето денеска беше одбележано завршувањето на проектот, кој почна во 2010 година заедно со партнерите Фондација Норгесвел финансирана од Кралството Норвешка и Агриком од Скопје. Досега се обучени стотина возрасни, а обуки ќе следуваат и понатаму.

    “Овој проект за нас беше особено важен затоа што како училиште се стекнавме со способност да бидеме центар за обука на возрасни во рамки на земјоделството. Направивме пет модули и сме подготвени да вршиме обука на возрасни. Проектот почна 2010 година, но додека траеа подготовките да се стекнат услови за изведување на обуки, почнавме во 2012 година. Сега пред некој месец имавме обуки и имаме намера да продолжиме со овие обуки“ - изјави директорката Весна Трајковска.

    Од Норгесвел објаснуваат дека земјоделството за нив е многу важно како гранка и со овој проект сакале да го подобрат статусот на фармерите.

    “Самиот проект е финансиран од Министерство за надворешни работи на Норвешка. Ние имаме искуство во процесот на стручно образование за возрасни. Истиот проект го имаме и во Косово. И тука го применивме истото што и таму да донесеме експерти од таа област“ - вели Јорун Доненсен, проектен менаџер.

    Целта на проектот е обуката на возрасни да резултира со вработувања и подобрување на економската ситуација.