Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Полициско одделение Матејче, ноќеска по полноќ, 60-годишен жител на кумановско село пријавил дека околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С.
Пријавениот, инаку од с.Орланце, скопско, со уште едно лице, физички ја нападнале ќерката и со закана со оружје ја одвеле од домот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.