Со палки се тепале во кругот на Болницата
04.04.2014 11:07
| KumanovoNews
Поради нарушени семјени односи тројца мажи се вчера се испотепале во кругот на Општа болница Куманово.

Б.Д.(27) заедно со уште едно непознато лице околу 10.30 часот прво се скарале со А.Љ.(52) од Куманово, а потоа се нафрлиле да го тепаат со безбол палки. При тоа го удирале по целото тело, при што му нанеле повреди на главата и нозете. На А.Љ. му е укажана помош во Општа болница во Куманово од каде е пренесен во Клинички центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителите.