Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со исплата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата на 1-ви во месецот, наместо предвремената исплата на пензијата, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Воедно се известуваат пензионерите дека исплатата ќе продолжи да се врши редовно.
Предвремената исплата на пензијата беше воведена како пракса поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.
„За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје“, се вели во соопштението до јавноста.
Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1 во месецот директно од буџетот на државата.