×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нерасчистени односи причина за вооружениот напад во Куманово

    05.12.2023 21:03 | Сузана Николиќ

    Нерасчистени односи се причина за вооружениот напад во центарот на Куманово, во кое едно лице е повредено и пренесено на лекување во Скопските клиники.

    Нерасчистени односи причина за вооружениот напад во Куманово

    „Во 17.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата "Борис Кидрич" во Куманово М.С.(44) испукал со пиштол и го повредил Т.Ш. (49) во пределот на нозете. Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

    Во штурото соопштение не е прицизирано за какви меѓусебни нерасчистени односи се работи и дали напаѓачот е упасен. 

    Вооружениот напад се случи денеска попладне на паркингот на т.н. „Чоробенско ќоше“, на исклучително фреквентен дел во центарот на градот, каде има повеќе дуќани и стамбени згради.  Пукањето ги вознемири станарите и случајните минувачи.

    Неофицијално се зборува дека е повреден сопственик на менувачница во Куманово, а по пукањето напаѓачот побегнал.