Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со средство кое спречува подмрзнува на снегот се прксаат улиците и тротоарите во Куманово. Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“, од пладне се на терен откако почнаа интензивните врнежи на снег. Доплнително се фрла и сол на улиците во градско подрачје, велат од Општината.
„Во текот на ноќта ќе продолжиме со интензивно чистење на снегот и фрлање на сол на улиците во градот. Поради интензивни врнежи од снег, службите за зимско одржување ќе работат во три смени“, - објави градоначалникот Максим Димитриевски на Фејсбук.
Во Регионалниот центарот за управување(РЦУК) со кризи велат дека во 18.30 часот добиле известување дека сите патишта во градот и селата се проодни, а кај нив нема пријава на граѓани за непроодни улици или завеани патишта.
„Од 18.10 се воведува забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир“, - соопштува АМСМ.